За компанијата

Го започнавме Seed of Life за да им овозможиме на луѓето да имаат пристап до здрава храна иако животниот стил станува многу динамичен и времето за подготовка на храна од овој вид станува голем луксуз.

Нашата мисија во Seed of Life е да ги зачуваме животот и хранливата вредност во храната што ја консумираме.
Секое семе е обдарено со нов живот и тоа е причината зошто ние ги користиме семињата како основа за нашите производи.

Нашите производи се сирова, жива веганска храна, полна со витамини, ензими, Омега-3 и Омега-6 масни киселини.

Нашата инспирација

Дедото Стојан имаше 95 години, се хранше со сирова храна: ореви, сушени јаболки и кајсии на сонце. Трчаше по 5 км секое утро, вежбаше гимнастика и јога. Зборуваше есперанто и се допишуваше со луѓе од 50 земји ширум светот. Тој за нас беше прв пример за човек што практикува сирова веганска храна.

Времеплов

Со Невенче се запознавме во првиот училишен ден. Секојдневно заедно ги пишувавме училишните задачи, а потоа слушавме музика, измислувавме најразлични игри…

И постојано кога ќе погледнам во минатото ми излегува сликата на двете девојчиња кои береа од овошјата во дворот и од нив изработуваа сокчиња. Јаготките ни беа омилени. Немавме модерни соковници, но со малите рачиња успевавме на традиционален начин да ги пасираме и цедиме овошјата. Добиените сокчиња ги именувавме со почетните букви од нашите имиња.

Минуваа години, а идејата да создадеме здрава и вкусна храна се повеќе растеше. Постојано баравме начини за производство на Вистински здрава храна. Таа, која ќе промовира Нов начин во размислувањето за зачувување и подобрување на здравјето.

Успеавме, го создадовме Seed of Life-компанија за производство на сирова храна.
Сонот се претвори во реалност.

Со љубов,
Билјана Карапанџова